Уметничкиот директор во агенцијата „McCann Erickson“ од Белград, Марко Прокиќ вечерва во Скопје во „Концепт 37“, ќе има своја изложба која е најавена со почеток во 20.30 часот.Тој е познат како илустраторот чии изреки го преплавија Фејсбук!
„Денес, кога мораме да признаеме дека со друштвените медиуми владеат стикери со животни, љубовни пораки, „self-help“ препораки и други разни цитати – ретко кој од нив навистина може да ни го задржи вниманието. Но, кога говориме за Марко, познатиот белградски илустратор и неговата страница f.ckinfine сосотјбата е сосоема поинаква. Тој успеа за многу кусо време да се издвои од толпата и да ги освои, одушеви, насмевне, и да го измами она „аххххх“ од своите фанови“ велат организаторите
Марко до сега изложувал, самостојно, но и групно во Белград, Загреб и Монпеље. А денес живее и работи во Белград. Со своите духовити и проникливи илустрирани пораки веќе стана специфичен „feel good“ бренд во регионот, а магијата која овие дела ги остваруваат во релација со публиката е секогаш посебна и партикуларна.
Имено, секоја порака која Прокиќ ја илустира е како и самиот што вика: проживеана и преживеана. Тоа се чини дека е еден од клучните елементи во речиси неподносливата леснотија на поистоветување со авторовата утринска мрзоволност, експлицитна или имплицитна меланхолија, чувството на недостасување, досада или болната свест за рутинското секојдневие.