Кој на хрватската политичка сцена е достапен, брз, елоквентен, конкретен и коректен, а кој не се јавува на телефон кога е важно, ќе дознаеме на 12-от Weekend Media Festival кој оваа година ќе се одржува од 19 до 22 септември во Ровињ.
Државните институции мора да бидат транспарентни во својата работа и да стојат на располагање за прашањата на медиумите, но дали е тоа реалната ситуација во Хрватска? Лицата задолжени за комуникација со медиумите понегоаш знаат да исчезнат од радарот, особено во ситуации кои се проблематична, а кои не недостасуваат во политиката. Кој најдобро управува со комуникациите, а кој се служи со манипулации?
На Weekend Media Festival оваа година за прв пат ќе бидат прогласени најдобрите хрватски политички ПР-овци. Во истражуањето кое фестивалот го организира во соработка со агенцијата Ipsos ќе учествуваат новинари кои ја следат работата на Владата, министерствата, Собранието и канцеларијата на Претседателот и ќе ги оценуваат ПР-овците со кои најчесто соработуваат. Ќе ги наведат најдобрите и најлошите искуства со кои се соочиле, ќе укажат на проблемите во однос на ПР-овците и ќе ги наведат карактеристиките кои почесто би сакале да ги гледаат кај колегите од другата страна на комуникацискиот канал.
„Квалитетната соработка помеѓу ПР-овците и новинарите е особено важна за двете страни, а веројатно најпредизвикувачка кога се работи за политиката. Целта на овој избор е да се истакнат најдобрите практики и да се укаже на областите каде може да бидеме уште подобри. Во истражувањето ќе учествуваат политички новинари кои се во секојдневен контакт со ПР-овците од тој сектор, па сигурни сме дека пофалбите за најдобрите ќе бидат итекако заслужени,“ посочи Никола Врдољак, програмски директор на фестивалот.
Резултатите од истражувањето ќе укажат на проблемите кои се јавуваат во односот новинар/ПР-овец, со цел соработката да може да се унапреди во иднина.
„Задоволство ни е што ќе учествуваме во проект чија намера е унапредување на целата комуникациска професија, истакнување на позитивните примери и наградување на најдобрите. Резултатите од истражувањето ќе покажат каде се наоѓаме денес и што треба да подобриме за да ја постигнеме целта – навремено, точно и целосно информирање на граѓаните,“ истакна Анте Шалиновиќ, директор за истражување на медиумите и огласувањете во IPSOS Adria.
Најголемиот регионален фестивал посветен на комуникациите, покрај интересните предавања и провокативните и конструктивни дискусии за трендовите во медиската индустрија, е познат и како место на најдобрата забава. Овогодишниот 12-ти Weekend Media Festival кој ќе се одржи од 19 до 20 септември во Ровињ носи внимателно осмислена музичка програма во духот на Вудсток, од времето кога музиката стана уметност и средство на отпорот.