Оваа година програмата ќе биде подинамична затоа што ќе трае два дена
Програмата на 26-тото издание на фестивалот Golden Drum ја поттикнува креативноста која доведува до промени. Претставена е од исклучителни поедници кои ќе иницираат креативно размислување и ќе поттикнат на позитивните промени. Познати се веќе 25 говорници, а останатите, организаторите ќе ги објават во наредните неделе. Повеќе за нив можете да прочитете ОВДЕ.
Конгресната програма ќе се одвива во две етапи и ќе се изведува со предавања, разговори, дискусии, работилници и проекции. Ќе заврши со најочекуваниот настан на фестивалот, церемонијата со доделување на наградите, дружење и голема забава.
Програмата ќе ја води латвиската радио и телевизиска ѕвезда Валдис Мелдерис. Валдис ќе се погрижи програмата да се одвива непречено и подинамично отколку во претходните години, бидејќи оваа година ќе трае два дена.
Прелиминарниот програмски распоред, можете да го погледнете тука.