Шпанскиот бренд Зара зад којa стои еден од најбогатите луѓе во светот, милијардерот Амансио Ортега, подготвува пресврт кој би требало да го направи одржлив.
Како што објави Вог, Пабло Исла, извршен директор на Индитекс, ќерката на Ортега, Марта и неименуван член на тимот за дизајн на Зара, одржаа неодамна состанок на кој разговарале за таа тема.
2019 година донесе голема промена во Зара, во јануари овој светски познат синџир на малопродажна брза мода го промени логото кое доживеа поделени реакции, а сега планира да развие стратегија за прилагодување на неговиот бизнис на современите принципи како што е – одржливост.
Зара повеќе се фокусира на облека која ќе трае неколку сезони наместо на трендовска облека.
Стануваат се повеќе фокусирани на безвременски парчиња кои можат да ја формираат основата на нечија гардероба.
На пример, капут направен од висококвалитетна волна која е изработена од рециклирани влакна, или фустан од високо квалитетна италијанска свила.
До 2025 година во Зара се надеваат дека нивните колекции ќе бидат направени од 100 проценти одржлив памук и 100 проценти рециклиран полиестер.