Градот Утрехт во Холандија во обид да ги спаси локалните пчели покри повеќе од 300 јавни автобуски постојки со растенија, на тој начин претворајќи ги во станици за пчели. Освен што ќе ги израдуваат инсектите, овие кровови ќе ја заробуваат ситната прав во воздухот, како и дождовницата.
Освен новододадените растенија, станиците веќе имаат енергетски ефикасни ЛЕД светла, како и бамбусни клупи за патниците.
Исто така, до крајот на 2019 градот планира да воведе 55 електрични автобуси. Ова е во согласност со нивниот план до 2028 да имаат систем за јавен превоз кој ќе биде апсолутно незагадувачки и одржлив. Автобусите ќе возат на електрична енергија произведена од холандските ветерници.
Дополнително, градот ги поттикнува локалните жители да преземат слични чекори со раззеленување на нивните кровови нудејќи субвенции за жителите кои имаат кровови над 20 квадратни метри.
Во Холандија постојат 358 видови на пчели, но за жал повеќе од 56% од видовите се загрозени и ставени на холандската црвена листа.