Стратегиите со правење на искуство со брендот (brand experience) се повеќе и повеќе стануваат практика на компаниите. Дека маркетингот се врти се повеќе и повеќе кон ‘’fullfilling emotional needs’’ покажува и примерот на Канадската пивара Molson. Оваа Канадска компанија се решила да постави фрижидери со пиво во Лондон, Брисел и други градови ширум Европа со цел да им приреди изненадување на своите потрошувачи на глобално ниво.
Во полниот фрижидер со пиво бил поставен скенер и доволно било само да се вметне и скенира канадски пасош за да се отвори фрижидерот. На фрижидерот стоела пораката “Canadians, scan your passport to open fridge“.
Оваа идеја разбудила длабоки чувства кај Канаѓаните кои биле во Европа, и тие во тој момент биле посебно горди што се Kанаѓани и добиле чувство дека се всушност дома. Ова е секако еден добар пример за стратегија за изразување на бренд идентитет (коренот на брендот, земјата на потеклото на брендот) и овозможува да се диференцираме од конкуренцијата на посебен начин правејќи секако искуство со брендот.
Подолу следува ова прекрасно видео: