Жирито на меѓународните адвертајзинг награди Gerety Awards ги објави имињата на победниците за овогодинешното и прво издание на наградите, чија цел е да дадат признание на најдобрите таленти и ментори во глобалниот адвтејзинг, поттикнувајќи ја различноста и иновативноста во креативниот адвертајзинг.
Она што е особено интересно за Gerety Awards е тоа што жирирањето на пријавените кампањи најпрвин се остварува од страна на „Извршно жири“ во 10 различни главни градови низ светот, при што се прави потесен избор од пријавените кампањи. Потоа, кампањите од потесниот избор влегуваат во финална рунда која ја жирира „Големото жири“ и ги избира победниците.
Овогодинешните и воедно први Grand Prix награди на Gerety Awards беа доделени на агенциите LOLA MullenLowe за кампањата „HIDDEN FLAG“, McCann New York за кампањата „Changing the Game“, VMLY&R Warsaw за кампањата „The Last Ever Issue“ и две Grand Prix награди беа доделени на AMVBBDO за кампањата „Viva La Vulva“.
За агенција на годината беше прогласена BBDO New York која освои 2 сребрени и 4 бронзени награди и се најде во потесен избор за 8 награди. Наградите беа доделени за кампањите „#DefyTheName“ за Моника Левински, „Care-E“ за KLM и „Nurses Save Lives“ за Johnson&Johnson.
За агенциска мрежа на годината беше прогласена BBDO Worldwide која освои 2 Grand Prix награди, 1 златна, 3 сребрени и 4 бронзени награди и 17 пати се најде во потесен избор. Најнаградуваните кампањи на агенциската мрежа беа „Viva La Vulva“ на агенцијата AMVBBDO and „AT&T Train“ на агенцијата BBDO New York.
Меѓу победниците, чија целосна листа може да се погледне на следниот линк, се најдоа агенции од 14 држави: Австралија, Канада, Колумбија, Данска, Франција, Германија, Либан, Холандија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска, Обединетото Кралство и САД.
Ко-основачот на Gerety Awards, Луција Онгај, истакна: „Не можеме да бидеме позадоволни од овогодинешните победници. Само 60 од сите пријавени кампањи добија доволен број на поени за да бидат наградени. Високо ценетото жири и квалитетот на наградените кампањи навистина посавуваат јасен бенчмарк и многу високи стандарди на креативност за во иднина.“
Повеќе информации за меѓународните адвертајзинг награди Gerety Awards можете да најдете на официјалниот веб-сајт: www.geretyawards.com.