Серијата реклами на компанијата Кока Кола поврзана за музичкиот фестивал Сигет во Будимпешта која промовира прифаќање на ЛГБТ популацијата, беше повод член на владејачката партија Фидес во Унгарија (Иштван Болдог) да повика на бојкот на овој пијалок.
Постерите, заедно со неделниот настан „Љубовна револуција“ кој започнува утре во Будимпешта, покажуваат геј парови кои се смеат, со слогани како „Нула шеќер, нула предрасуди“, објави Ројтерс.
Ова налути некои од приврзаниците на владејачката партија Фидес, која поддржува забрана за истополовите бракови.
Во неделата, Болдог повика на бојкот на компанијата Кока Кола за време на, како што рече, провокативната кампања.
Со оглед на зголеменото прифаќање на геј популацијата меѓу унгарците, не е познато дали неговиот повик ќе вроди со плод, соопшти агенцијата.
Кока Кола соопшти дека фестивалот Сигет, за кој се очекува да привлече повеќе од половина милион луѓе, претставува ехо на основните принципи на американската мултинационалност.
„Веруваме дека и хетеро и хомосексуалците имаат право да го сакаат својот партнер на начин како што тие сакаат“, се наведува во соопштението на компанијата Кока Кола.