Магазинот AdAge веќе десетта година по ред ги доделува наградите за најдобри агенции на светот. За најдобра мала агенција е прогласена амстердамската агенција We Are Pi.
Златната награда за најдобра мала агенција во САД ја освои њујоркшката агенција JohnXHannes во која се вработени дванаесет луѓе. Оваа година, најголемо внимание привлече со апликацијата Expesify во која учествуваше раперот 2 Chainz. Нето приходите на агенцијата во 2019 година се зголемија за едена третина, од шест милиони долари, колку што заработија минатата година, на девет милиони долари.