Вредни уметнички дела од целиот свет исчезнуваат во новата забавна реклама на Самсунг – но постои објаснување.
Во рекламата на Самсунг кој ја промовира QLED технологијата за своите телевизори, гледаме рамки во познати музеи и галерии кои одеднаш се празнат, предизвикувајќи збунетост кај персоналот, посетителите и експертите за форензика, кои се обидуваат да откријат причината на сето тоа.
На крајот, се открива дека причината е човекот кој гледа во уметничките дела на неговиот Самсунг ТВ екран, кој ја прикажува уметноста во „зачудувачки детали“ кога телевизорот е исклучен.
Спотот е креиран од страна на агенцијата Adam&Eve/DDB, а во режија на Гери Фридман преку Independent Films.