Унгарските десничари од движењето „Наша земја“ го блокираа влезот во погонот за производство на компанијата Кока Кола во близина на Будимпешта, протестирајќи поради рекламата на оваа компанија која прикажува истополови парови.
„Што е следно? Педофилија “, се вели на транспарентот објавен од десничарите пред влезот нао компанијата Кока Кола.
Претставниците на движењето „Наша земја“ тврдат дека кампањата „промовира хомосексуалност, ги загрозува децата и го отвора патот за педофилија“.
Претставниците на компанијата Кока Кола рекоа дека ќе ја променат маркетинг агенцијата која ја креираше целата кампања и ја повикаа полицијата да ја отстраната блокадата од влезот во погонот на компанијата.
Во изминатите неколку дена, оваа кампања предизвика многу полемики во Унгарија од бројни противници и поддржувачи на ваквиот начин на промовирање на производот.