Специфичниот дизајн претставува уметничка визија за древниот јапонски збор Југен – кој се кориси за да се опише чувство на восхит за убавината на природата
Белгиската претприемачка фирма Yugen се здружи со водечкиот светски производител на лименки за пијалоци, компанијата Ball Corporation и ја лансираа првата комбуха во специјално дизајнирана лименка на европскиот пазар. Спакувана во алуминиумски лименки кои целосно можат да се рециклираат, Југен Комбуха наменета за потрошувачите кои се грижат за здравјето и сакаат висококвалитетно органско производство во практично, преносно пакување.
Југен Комбухаa е достапна во три заводливи вкусови, а секој се одликува со различен изглед на лименката. Специфичниот дизајн претставува уметничка визија за древниот јапонски збор Југен – кој се кориси за да се опише чувство на восхит за убавината на природата. Пијалокот во моментов се продава во Белгија, а овој амбициозен бренд се шири и во други делови на Европа, како Германија, Холандија, Франција и Скандинавија.
Ферментираниот пијалок од комбуха е богат со пробиотици, здрави киселини и антиоксиданти. Комбуха е функционален пијалок со најголема стапка на раст во оваа категорија и веќе е исклучително популарен во САД. Брзиот раст на оваа категорија се потврдува со бројот на нови пијалоци од комбуха во Европа, кои во првата половина на 2019 година веќе ја надминаа цела претходна година.
Секоја лименка на непастеризираниот пијалок Југен Комбуха содржи корисни лековити билки измешани со чист органски сок.
„Лименките се извонредни. Не само што го штитат нашиот производ, туку се и еколошки, бидејќи тие претставуваат амбалажа за пијалоци кои најмногу се рециклираат во светот. Лименките се лесни и нескршливи, погодни за на плажа, планина, фестивали и спортски настани. Покрај тоа, малопродажниот сектор се повеќе се свртува кон пијалоци во лименки. Го менуваат распоредот на своите продажни места за да ги задоволат потребите, брзината и мобилноста на денешните купувачи“, изјави Крис Де Бекер, ко-основач и бренд менаџер на компанијата ЈугенКомбуха.
„Соработката со Југен на овие лименки беше одлична“, додава Матијс Јансен, директор за продажба во земјите Бенелукс во компанијата Ball Beverage Packaging Europe. „Тесно соработувајќи со нивниот дизајнер Вим Вандерслејн, направивме лименки на кои сите сме горди. Задоволни сме што сме поддршка на Југен во лансирањето на првата комбуха во Европа во специјално дизајнирана лименка.“