Брендот NeXt и агенциите Drive и McCann Белград креираа иновативна кампања и создадоа интерактивен производ – neXtvaARna Buci Buci Adventurа, уникатна апликација и интерактивна книга за деца. Оваа книга и AR апликацијата им даваат на родителите можност да поминат квалитетно и исполнето време со своите деца, да го поттикнат понатамошниот развој на когнитивни способности и емоционалната интелигенција кај децата и да стекнат и зајакнат човечки (и детски) особини, цели и вредности.
Со години се водеше дебата за времето кое нашите најмлади го поминуваат пред компјутерите, телевизорите, мобилните телефони и другите екрани. Иако телевизијата, интернетот и видео игрите можат да бидат корисни извори на информации, забава и едукација, премногу време пред екранот може да има негативни последици. Особено затоа што родителите често користат модерна технологија и екрани кога не се во можност да им се посветет на своите деца, како замена за автентична интеракција и споделување. Она што е сигурно е дека не е сеедно КАКО децата го поминуваат своето време пред екранот – пасивно или активно.
Во најголем дел, препораките на различни здравствени организации не се насочени на количината на времето кое децата го поминуваат пред екраните, туку на она што е приоритетно во развојна смисла за одредена возраст на детето, а приоритетите што се издвојуваат во текот на првите години од животот, кога децата забрзано се развиваат, се однесуваат на физичката активност, одморот, учењето и интеракцијата со луѓето. Недостаток на интеракција со детето може да доведе до развој на помал фонд на зборови, помала желба за активности за кои не е потребна технологија, игра, дружење и природа. Во принцип, сè додека децата се здрави, физички доволно активни, ги исполнуваат своите обврски и имаат активен социјален живот надвор од екраните, се смета дека остатокот од слободното време треба да го поминат како што посакуваат, но со задолжителен надзор на содржината до која имаат пристап.
„NeXtvarna Bući Bući авантура претставува сосема нов начин на забава и учење, како и квалитетно поминато заедничко време на родителите и децата. Како одговорен бренд, насочен првенствено на децата, сакавме на малите преку игра да им го обезбедиме најдоброто – и забава и учење. Содржината е интересна, како за децата, така и за родителите. Овозможува интеракција и взаемно остварување на целите преку игра во која ќе уживаат и ќе се потпираат едни на други. Токму тоа заедништво и семејна забава беа мотивација за креирање на NeXtvartnа Bući Bući авантура“, изјави Александра Грковиќ, бренд менаџер за NeXt, во компанија Кока-Кола.
Апликацијата NeXtvARno, која агенцијата Drive ја разви за брендот neXt, е првата апликација на нашите простори која им овозможува на родителите и децата да поминат поквалитетно време заедно. „Вештините научени во интеракција со книгата и AR апликацијата претставуваат креативен облик на изразување. Тоа е технолошка алатка која помага во социјализацијата и градењето на односите, а процесот на интерактивно учење, збогатен со забавни AR содржини, обезбедува вредни моменти кои децата ги доживуваат заедно со своите родители. Дизајнот е таков да им помогне на децата да останат фокусирани, а времето за користење на апликацијата е ограничено“, објаснува Здравко Кеврешан, креативен директор во агенцијата Drive.
Немања Остојиќ, дигитал копирајтер во агенцијата Drive додава дека идејата била да се пронајде вистинскиот начин за трансформација на бескорисното време која децата скојдневно го поминуваат на телефоните во корисно време кое ќе го поминат со родителите, и додава: „Затоа решивме основниот дел од кампањата да биде интерактивна книга со задачи, збогатена со AR технологија. Самата книга е приказна за брат и сестра кои сакаат да пораснат, а за да го постигнат тоа, тие треба да решат разни предизвици, во кои нивните деца им помагаат преку решавање задачи. Овде вештачката интелигенција игра клучна улога – со помош на вештачката интелигенција, целата книга може да оживее, а задачите да станат интерактивни игри кои што децата ги решаваат заедно со своите родители.“