Кинескиот гигант за е- трговија „Алибаба“ се најде на првото место на листата на 100 најдобри кинески интернет компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат компаниите „Тенсент“ и „Баиду“, а рангирањето е извршено врз основа на најразлични критериуми, вклучувајќи го делокругот на претпријатието, капацитетот за иновации, перспективата на компанијата и усогласеноста.
Според извештајот објавен од Информативниот центар MIIT и кинеското интернет друштво, вкупната потрошувачка за истражување и развој на овие 100 компании достигна 153,87 милијарди јуани (30,38 милијарди американски долари), што во однос на минатата година е зголемување за 45,1 проценти. Овие компании заедно пријавиле околу 80.000 иновации.
Приходот на „Алибаба“ порасна за 42 проценти на 16,3 милијарди долари во првиот фискален квартал до 30 јуни.