British Airways започна да тестира VR опрема која патниците ќе можат да ја користат како забава за време на летот, а првата опрема од овој вид е поставена во авионите кои што летаат од лондонскиот аеродром „Хитроу“ до американскиот „ЏФК“.
Станува збор за најлуксузните летови, а клиентите до крајот на годината ќе имаат пристап и до 3Д кино и ќе можат да гледаат содржини во 2Д, 3Д и 360 степани формат. Уредите доаѓаат од VR компанијата SkyLights, а имаат можност за прилагодување на положбата во која се наоѓаат корисниците, па тие ќе можат да гледаат филмови и во лежечка позиција, што е уште еден луксуз што се нуди во летовите од прва класа.
На корисниците ќе им се нуди и терапевтски VR искуства, како медитација, како и терапии со звук кои што се специјално создадени за патниците кои што се плашат од летање.
Сепак, British Airways не е првата компанија која што на своите патници им понуди забава во VR формат. Претходно тоа го направија Quantas во 2015-та и Alaska Airlines во 2018-та година.