Врз основа на неодамнешна глобална анализа на 22,5 милиони веб-страници и онлајн продавници во сопствената база на податоци, Scamadviser.com откри дека три проценти од веб-страниците во целиот свет имаат доверба под 30%, а 13% од анализираните веб-страници имаат доверба под 70%. Тука некаде во овој просек се и резултатите од 10868 скенирани веб сајтови во Македонија.
Scamadviser.com проверката ја изврши со помош на својот алгоритам, кој користи 40 независни извори на податоци. Над 2,5 милиони купувачи месечно го користат Scamadviser.com за да ја проверат исправноста на сајтовите и посебно веб-продавниците. Се проверуваат IP адресата на веб-серверот, достапноста на контактот на веб-страницата, оценката од страна на корисници за страницата и слично.
Инаку, Scamadviser.com ги предупредува потрошувачите не само на измамите за купувањето преку интернет (веб-продавници кои никогаш не испорачуваат стоки), туку и на страниците за фишинг, озлогласените спамери и онлајн продавниците кои продаваат лажни производи.
Глобалниот просек по земји е дека два до три проценти од веб-страниците имаат доверба во онлајн продавниците под 30% и седум до осум проценти под 70%. Освен неколку многу мали земји (Еритреја, Тувалу, Бенин, Свазиленд), Кина има најнесигурни веб-страници (12%), а потоа следат САД со 9%. Меѓу поголемите земји, Грција, Унгарија, Аргентина и Данска се земјите со најмал број интернет измами. Во овие земји, се спроведува темелна проверка на веб-страниците кои бараат ознака од националниот домен.
Scamadviser е дел од Ecommerce Foundation од 2018 година и претставува независна организација која работи со невладини организации, здруженија за е-трговија низ целиот свет и други институции за електронска трговија.
Во продолжение можете да ги погледнете резултатите за земјите во нашиот регион, а целото истражување е достапно на следниов ЛИНК.