Вчера во Сараево започнаа 12-тата по ред PRO.PR конференција, најпознатата регионална конференција за комуникациски и бренд менаџмент која ќе трае до утре 29 Март.
“Односите со јавност, дефинитивно излегуваат од криза. После четири години турбуленција, струката велгува во нов раст, развој и просперитет“ – изјави Даниел Колетиќ , претседателот на организацискиот комитет на PR.PR конференцијата и надополни: “Радосни сме што и покрај разно-разните нестабилности во последно време во Сараево, успеавме да собереме преку 100 ПР професионалци од регионот што зборува за науморната желба на фелата за споделување на новите правила на играта во менаџираните комуникации“
За секој ден од конференцијата е замислено да има по една панел дискусија. Во текот на вчерашниот ден се зборуваше за комуникацијата во јавната администрација а за денеска е предвидена расправа за секогаш интересната тема на лобирање која ќе ја водат познати британски лобисти. За Сабота панел дискусијата ќе биде на тема 30 години од Зимските олимписки игри во Сараево.
Учесниците исто така ќе присуствуваат и на церемонијата на свечено доделување на признанијата “PRO.PR Awards“ кои ќе се оддржат утре како завршен дел на настанот.