Ланецот за брза храна Kentucky Fried Chicken (KFC) одлучи да пласира на пазарот пилешко месо без месо, односно вегетаријанска верзија на нивните познати пилешки специјалитети.
После Бургер Кинг и КФЦ одлучи во своите ресторани да послужи вегетаријанска замена за месо во нивните специјалитети. Тестирањето на пазарот официјално започна вчера, а во првата фаза се тестира само американскиот пазар, по што се планира тестирање и во другите делови на светот, во зависност од реакцијата на потрошувачите.
Во соработка со стартапот Beyond Meat , KFC одлучи да им понуди на потрошувачите крилца, крокети и други познати специјалитети направени од растителни протеини, со вкус кој ќе биде скоро идентичен со пилешкото.
Оваа одлука е сосема разбирлива, со оглед на тоа што побарувачката за месо од растителен состав и потекло е зголемена и луѓето денес генерално бараат храна која е поздрава и поодржлива.
It’s Kentucky Fried Chicken but it’s made with @BeyondMeat. It’s confusing, but it’s also delicious. Feast on these Kentucky Fried miracles tomorrow while they last at KFC in Atlanta, Georgia. pic.twitter.com/lC5oYM1cmk
— KFC (@kfc) August 26, 2019