На синоќа завршениот 23-ти Словенски огласувачки фестивал (СОФ), агенцијата Пристоп (Pristop) е прогласена за најдобра маркетинг агенција во Словенија за минатата година. За најдобар бренд е Si.mobil Ortho, за најдобра продукција на ТВ реклама е наградена продукциската куќа Pakt Media а за најдобра продукција на радио оглас – продукциската куќа “100“.
Пристоп својата доминација на фестивалот ја најави со освојувањето на три големи награди за изградба на најдобар корпоративен идентитет (за BSA – Branimir Slokar Academy ), за најиновативна кампања (“Preglejte svojo streho iz zraka”) и за дигитална кампања на годината (“Get out anyway ” За Телеком Словенија).
По две големи награди освоија уште и агенциите Mayer McCann која двете награди (за најдобра интегрирана кампања и најдобра содржина) ги доби за кампањата “Enkratno je stvari uporabljati večkratno“) и Publicis која беше наградена за најдобар принт (“Odiseja“ за Renault Nissan) и најдобар outdoor настап за кампањата “Cankar – Prešeren – Kosovel“ по нарачка на Националниот Младински Совет на Словенија.
Во категоријата филм, за ТВ реклама на годината е прогласена “ORTO документарец“, која за потребите на Si.mobil ја изработи агенцијата Luna\TBWA.
Погледнте ја во продолжение :