Во рамките на рекламната кампања, ликот на пејачката ќе се најде на 50 милиони пакувања на производот
Поп ѕвездата Мараја Кери ќе стане побогата за 9 милиони фунти (околу 9.950.000 евра) и тоа благодарение на тоа што нејзиното лице ќе се најде на амбалажа на чипс.
На пејачката и` е понудено да ја замени групата “Спајс Грлс” и да стане новото заштитно лице на грицки, за што ќе добие 9 милиони фунти.
“Договорот е завршен и сега само се преговара околу деталите, односно што Мараја ќе прави за промоција на брендот. Како дел од кампања, нејзиното лице ќе се појави на 50 милиони пакувања чипс“, пренесува “The Sun”.
Оваа кампања ќе биде претставена на сите социјални мрежи. Од компанијата се надеваат дека Мараја, исто како и “Спајс Грлс“, ќе направи вистински хит и кампањата ќе стане вирална.
Мараја Кери, за која се вели дека вреди 244 милиони фунти, претходно се појави во неколку рекламни кампањи. Беше рамо до рамо со Доналд Трамп, а исто така рекламираше и препарат за губење на килограми.
Погледнете како изгледаше кампањата со “Спајс Грлс“: