Фејсбук најави дека ќе го укине софтверот за автоматско препознавање лица за идентификација на пријателите на фотографиите на оваа социјална мрежа
Овој софтвер служеше за автоматска сугестија за тагирање пријатели на фотографиите објавени на ѕидот на корисникот.
Наместо опцијата “сугестија за тагирање“, Фејсбук ќе воведе подесување за “врамување“ лица за различни потреби, а не само за означување. Оваа опција ќе може да биде исклучена или вклучена. Оние кои ќе ја вклучат, ќе можат по свој избор да ги добиваат известувањата за препознавање на нивниот лик, или пак – не, доколку не сакаат.
Американски суд претходно го отфрли обидот на технолошкиот гигант да објасни дали начинот на кој тие собирале фотографии на лица е легален. Компанијата не успеа да го убеди судот дека секој корисник на Фејсбук ја дал својата согласност за такво нешто.
Во Илиноис е поднесена тужба против Фејсбук за опцијата „сугестија за тегирање“, а федералниот апелационен суд донесе одлука дека постапката може да започне.