Интерконтиненталниот адвертајзинг куп или едноставно наречен “The CUP“ овој Април, ќе го има своето 7-мо издание и ќе се оддржи близу нас, во Белград.
“The CUP“ беше создаден во 2007 година од организаторите на три големи регионални креативни фестивали : ADFEST (Asia-Pacific), FIAP (Ibero-American) и GOLDEN DRUM. После првата година, дел од “The CUP“ се и ADC*E, односно клубот на Уметнички директори на Европа.
Мисијата на “The CUP“ е да ја афирмира креативноста инспирирана од локалното опкружување. Целта на фестивалот не е да биде конкурент на ниеден друг фестивал, туку да промовира нов концепт кој овозможува локалната креативност да биде оценета од глобални судии. Тоа е природен продолжеток на праксата глобални судии да оценуваат локални фестивали.
Основен принцип на ова ново адвертајзинг натпреварување е дека сите финалистите од регионалните фестивали добиваат право да влезат во селекцијата на проекти кои ќе бидат оценувани од интернационалните судии на “The CUP“.
Во меѓувреме веќе беше објавена и листата на меѓународни судии која овојпат ќе биде предводена од еден од “духовните водичи“ на фестивалот Г-дин Мајкл Конрад, а свое заслужено место има и креативниот директор на New Moment – Душан Дракалски.
Останатите челнови на ова престижно жири се и:
SANTOSH PADHI, Chief Creative Officer & Co-Founder, Taproot India, Mumbai
SOPHIE SCHOENBURG, Copywriter, AlmapBBDO, Brazil
MARTIN SPILLMANN, Chief Creative Officer, Leo Burnett Western Europe
ADRIAN BOTAN, VP Creative Excellence McCann Erickson CEE
NAOKI ITO, Chief Creative Officer & Founder of Party Tokyo
JUAN SÁNCHEZ, Chief Creative Officer, TBWA/Spain
Листата на категории во кои ќе се натпреваруваат пријавените проекти, можете да ја погледнете тука.
Најдобрите од најдобрите проекти ќе бидат оценувани од 13-ти до 17-ти Април, а завршната церемонија на прогласување на победниците во повеќе категории ќе се оддржи на 17-ти Април во хотелот “Crown Plaza” во Белград.
Целата програма можете да ја погледнете на овој ЛИНК.
Повеќе информации за настанот можете да најдете ТУКА.