Во Кина каде мобилното плаќање е се` почеста глетка, купувачите отсега можат за купените производи да платат само со погледнување кон машина со камера, која со помош на софтвер за препознавање лица, ја поврзува сликата на лицето со систем за дигитално плаќање или нивната банкарска сметка.
„Не морам повеќе да носам паричник или мобилен телефон со мене, можам да да излезам и да пазарувам без да превземам ништо“, вели Бо Ху, лавен службеник за информации на пекарницата Wedome, која го користи овој систем за наплата низ стотици продавници.
Софтверот веќе активно се користи во Кина, честопати за следење на граѓаните. Но, властите се најдоа под огромни критики поради неговото користење кое допринесува за се` помалата слобода оставена на народот.
„Постои огромен ризик дека државата може да ги користи овие податоци за свои цели, како што се надзор, мониторинг, следење на политички неистомисленици, контрола, етничко профилирање, дури и предвидливо полициско работење“, вели Адам Ни, кинески истражувач на Универзитетот Мекквари во Сиднеј.
И покрај загриженоста за безбедноста на податоците и приватноста, многу потрошувачи не изгледаат загрижени од ваквиот начин на плаќање.
Алипеј, финансискиот партнер на трговскиот гигант Алибаба, веќе има поставено вакви уреди во 100 градови низ Кина. Оваа компанија ќе потроши три милијарди јуани (420 милиони американски долари) во текот на три години на спроведување на технологијата. Алипеј троши огромни пари за да ја популаризира технологијата за плаќање на лицето преку давање субвенции за продавачи и награди за потрошувачите кои го користат лицето за плаќање.
Фирмата предвидува огромен раст во овој сектор и неодамна започна со надградба на системот „Плати со насмевка“, користејќи машина со големина на таблет.