Во Галерија Адрис со седиште во Ровињ ќе бидат изложени светски наградени проекти создадени во текот на 20-годишната соработка помеѓу Адрис и креативната агенција Брукета & Жиниќ & Греј
За време на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ, во Галеријата Адрис ќе биде отворена изложба на комуникациски проекти на Групацијата Адрис, кои произлегуваат од нивната 20-годишна соработка со креативната агенција Брукета & Жиниќ & Греј. Посетителите на изложбата ќе имаат можност да влезат во една хрватска приказна за креативноста како неопходна алатка за успех на глобалниот пазар. Изложбата се состои од дваесет и четири наградни проекти за Адрис, Маистра, Кромарис, Фондацијата Адрис и Кроација Осигурување.
„Групата Адрис е свесно изложена на ризикот на креативноста. Веруваме дека поминува времето на традиционалните решенија во економијата и дека, иако премногу бавно, драматично премногу бавно, хрватската економија се движи кон креативна економија во која клучен е дизајнот, ако не и пресуден, за зголемување на конкурентноста и додавање на вредност на компаниите на глобалниот пазар. За да бидеме што е можно поефикасни во овој бизнис, ние мора, и покрај ризикот, да бидеме отворени за нови знаења, иновативни и креативни решенија и да прифатиме соработка со претприемачи и дизајнери “, изјави Предраг Грубиќ од Адрис група.
„Кога станува збор за придонесот на групата Адрис и студијата на агенција Брукета & Жиниќ & Греј на јавниот домен, секако треба да се истакне „продолжената слобода“ на дизајнерската сцена и придонесот за визуелната култура, но за современиот хрватски контекст уште поважна е употребата на корпоративните канали за комуникација на основните општествени вредности во времиња во кои тие се повеќе се доведуваат во прашање“, напиша Мароје Мрдуљаш во изложбениот каталог.
Изложбата ќе биде возможно да се погледне за време на траењето на Викенд Медиа фаастивалот од 20 септември (15—21h) па се` до 20 октомври (18-22h), а влезот е слободен.