Технолошкиот гигант Samsung се одлучи својот нов паметен телефон Galaxy Note 10, кој се појави на пазарот минатиот месец, да го промовира на забавен начин.
Кампањата создадена од агенцијата BBH Њујорк раскажува за млада жена која доживува „откровение“ откако наидува на алапаки, камеловидни животни од Јужна Америка слични на лами, кои се ставени на продажба. Со помош на својот Galaxy Note 10, таа самостојно успева да го создаде новиот светски моден тренд: „откачени“ фризури инспирирани од алапаките.
Низ целата реклама можеме да забележиме како таа ги користи можностите на новиот телефон во разработката на нејзината идеја.
Според BBH Њујорк, дел од мрежата на Публицис која работи за компанијата Самсунг, агенцијата била задолжена од брендот да понуди „поразличен пристап во категоријата технологија“ за лансирањето на новиот телефон.
„Сакавме да демонстрираме дека сериозната висока технологија и уникатни придобивки, новиот Samsung Galaxy Note 10 ги нуди на еден забавен и меморабилен начин. Нашата цел беше да внесеме спонтаност и чувство за хумор во комуникацијата на брендот, издигнувајќи го Samsung и издвојувајќи го од традиционално ладниот технолошки свет,“ истакнува извршниот креативен директор на BBH Њујорк, Џонатан Маклер, во соопштение.