Гринпис ја најави својата нова кампања за борба против пластиката за еднократна употреба. Под хаштагот #ChileSinPlásticos и во рамките на светската иницијатива за отстранување на пластиката за еднократна употреба (Break free from plastic), новата комуникациска кампања ја креираше агенцијата МекКен Сантијаго де Чиле.
Чиле и Латинска Америка преземаат важни чекори за законски да ја забранат употребата на пластика, но исто така прават напори да ги натераат луѓето да го променат своето однесување. Овој пат е искористена 20-годишнината од филмот Американска убавина, кој е добитник за оскар за најдобар филм во 1999 година и кој е познат по славната глетка на пластичната кеса која што лебди во воздухот. 20 години подоцна, се прашуваме каде е таа кеса и каде ќе биде во иднина, со оглед на тоа што се потребни повеќе од 400 години за разградување на пластиката.
За Гринпис е многу важен притисокот што политичарите и корпорациите можат да го создадат, но организацијата исто така сака да се спријатели и со луѓето, преку активности како што се спорт или филм. Во овој случај, главниот лик е пластичната кеса од филмот, но амбицијата е да се подигне свеста дека целата пластика што ќе ја фрлиме неминовно завршува на депонија, во река или океан, станувајќи дел од 8 милиони тони пластика што секоја година стигнуваат до океанот.