Фејсбук соопшти дека ќе направи измени за да ги спречи огласувачите да менуваат наслови на вести и објави од надворешни веб-сајтови и линкови со цел да се спречи ширење на лажни вести.
Ова следува по отстранувањето на објава спонзорирана од Конзервативната партија, по тврдењата дека погрешно ја претставувала приказната за BBC News. Спонзорираната објава била избришана бидејќи објавила сторија од Би-Би-Си, а бил заменет оригиналниот наслов од приказната на Би-Би-Си за трошењето во образованието, кој не се совпаѓал со содржината на текстот.
Спорниот наслов кој морал да биде отстранет гласел: „Училиштата добиваат поддршка од 14 милијарди фунти“, иако во објавата на Би-Би-Си, до која водел текстот, оваа бројка била 7.1 милијарди фунти.
Фејсбук соопшти дека сака да ги воведе измените до крајот на оваа година и во моментов тестира како тоа може да функционира.
Фејсбук соопшти дека овие политички реклами ја „злоупотребиле“ платформата за рекламирање на социјалната мрежа и биле избришани поради прекршување на правилата на платформата, додавајќи дека тоа не е начинот на кој сакаат да се користат нивните алатки.
Тие соопштија дека сакаат да ги заштити оригиналните издавачи на материјали и да го зајакнат „спроведувањето и подобро да го спречат ваквото однесување“ во иднина.
Рекламите кои водат до друга новинска вест или веб-страница не смеат да го менуваат насловот на оригиналната содржина во нивните реклами.
Во изјавата на Конзервативната партија се вели: „Нашата намера не беше погрешно да ја прикажеме вистината со пренесување на веста, каде јасно е прикажана цифрата на БиБиСи од 7 милијарди фунти“, и додаваат дека го преиспитуваат целиот процес на рекламирање објави на нивната страна.