Синоќа на официјалниот веб сајт на Effie, беа објавени победниците и финалистите на глобалните Effie награди за 2014 година.
На 5 јуни 2014 год., на Гала вечера во Њујорк, огласувачите и агенциите од целиот свет ќе бидат свечено промовирани за нивните достигнувања и најдобри кампањи.
Effie наградите се доделуваат за најважните достигнувања во маркетинг комуникациите > идеи што функционирааат!
Глобалните Effie награди се доделуваат за идеи што функционирале во најмалку четири земји и два или повеќе светски региони. Победниците беа избрани после две ригорозни рунди на оценување во повеќе градови низ светот. Топ глобални маркетери се собраа во Сингапур, Мексико Сити, Лондон и Њујорк за да ги одберат најефикасните маркетинг комуникациски проекти на годината.
Одбраните победници имаа спроведено успешни кампањи кои ја постигнаа својата цел и очекуваните резултати, остварувајќи надпросечни достигнувања во контекст на категоријата.
Global Winners :
1. AUDI AG
Наслов на кампањата: Land of Quattro
Агенции: thjnk ag* , MediaCom, Verba, Lintas China, Razorfish GmbH
* водечка агенција
2. EVIAN
Наслов на кампањата : evian Baby&Me
Агенции : BETC* , Havas Media Paris
*водечка агенција
Finalists
1. AUDI AG (Наалов : Harder, Better, Faster, Stronger)
2. BMW Motorrad (Наслов : One World, One R 1200 GS)
3. Cisco Systems (Наслов: Tomorrow Starts Here)
4. Unilever (Наслов: Help a child, Reach 5)
5. Intel and Toshiba (Наслов: Inside Films)