Иновативноста на фестивалот Денови на комуниакации е препозната во силната конкуренција во категоријата Best Longstanding Association Event, каде што овој фестивал се пласира во финалето
Фестивалот Денови на комуникации , кој е организиран од страна на Хрватската асоцијација на здруженија за комуникации на пазарот (HURA) и IAB Хрватска (Здружение за интерактивен маркетинг), е познат во целиот регион како настан за собирање на важни учесници од комуникациската индустрија и креирање на специјални настани со цел учење, поврзување, создавање најдобри практики и поттикнување на позитивни промени во професијата, истовремено со постигнување на одлични резултати. Неговиот out of the box пристап, уникатната фестивалска понуда, провокативната продукција и висококвалитетната организација ги потврдија и британските The Association Excellence Awards, кои го ставија овој фестивал на глобалната листа на финалисти во категоријата Best Longstanding Association Event.
Основани во 2014 година, наградите Association Excellence повеќе години ги издвојуваат најдобрите светски практики на организации и здруженија од различен спектар на професии. Со здружување на извонредни експерти од различни дисциплини во едно жири, оваа организација препознава поединци, тимови и иницијативи и ја нагласува извонредноста на оние кои со своите напори создаваат подобра заедница, така што делуваат за благосостојбата на својата професија и нивните членови, клиенти и пошироката заедница.
“The Association Excellence Awards ги подигнува стандардите. Ги означува добрите практики, иновативни пристапи и со тоа го поддржува развојот и унапредувањето на цели сектори од различни професии. Да се биде на списокот на финалисти е одлична вест за избраните, но на сите им користи сознанието дека можат да стигнат до ѕвездите “, рече Лесли Меклеод (CEO, Association for Project Safety).
Дуња ИванаБалон, директорка на Денови на комуникации, кој конкурира за победник во категоријата Best Longstanding Association Event, изјави: „Ова меѓународно признание на нашиот необичен фестивал е доказ дека учењето може да биде креативно и иновативно и убаво е да се слушне дека за нас се зборува подалеку од хрватските граници. Енергијата на нашиот фестивал е посебна и различна – сакаме да укажеме на важноста на нашата индустрија, а особено на фантастичните луѓе и компаниите кои се дел од неа“.
Резултатот од натпреварот ќе биде објавен во октомври, кога победниците ќе бидат објавени во лондонскиот Киа Овал.