Веќе познат факт е дека компаниите се повеќе се ангажираат околу правење на искуство со брендовите и се повеќе го користат како замена за традиционалните маркетинг алатки како што се рекламите. Дека користењето на т.н brand experience може да ги смени перцепциите кон еден бренд, да ги изненади потрошувачите и да им направи задоволство покажува и примерот на пивскиот бренд Calanda во соработка со Publicis.
Имено за време на зимските спортови, маркетерите се одлучиле да претворат една кабина од жичара во бар каде што ќе им биде послужено пиво со лимон Calanda Radler. При самото влегување во кабината, стои келнер кој што им служи пиво на оние кои што одлучиле да влезат во кабината.
Предизвикот не е само да им се направи искуство со брендот и задоволство на потрошувачите туку да се креира или прошири користената ситуација (usage situation) за ова пиво со лимон како и да се спротистави на индирекната конкуренција : вареното вино и чајот кои што се консумираат за време на зимските спортови.
Подолу следува ова прекрасно видео: