Новозеландската државна агенцијата за енергетска ефикасност (New Zealand Efficiency Conservation Authority), со помош на агенцијата Clemenger BBDO создадоа инспиративен краток филм со моќна порака за климатските промени.
Спотот претставува комбинација од зборови на 23 инспиративни личности од минатото, како Џон Кенеди, Винстон Черчил, Мајка Тереза, Алберт Ајнштајн, Махатма Ганди, Ана Франк, Стивен Хокинг, Нелсон Мандела и други.
Кампањата е насловена “Generation Less” и според Бриџид Алкема, извршен креативен директор на Clemenger BBDO, таа се обединува околу една централна мисла: „Потребни сме сите ние, цела генерација, за да поттикнеме вистинска промена. Припадниците на Generation Less не се обединуваат поради нивната возраст, туку според колективната одлука да прифатат живот со помалку енергетски емисии.“
Избраните историски личности и нивните цитати требало да „одразуваат разноликост во мислења, култури, позадини и верувања кои ги претставуваат луѓето од сите сфери на животот.“ Во процесот на креирање, од агенцијата направиле темелно истражување на стотици говори и интервјуа од избраните историски личности, од популарни говори до непознати архивски снимки. Продукцијата на филмот е дело на анимациската куќа Assembly.