Во пресрет на Конференцијата за е-трговија “Бизнис раст со е-трговија”? која ќе се одржи на 25 октомври во хотел DoubleTree by Hilton Skopje, издвојуваме 5 причини зошто би требало да присуствувате на оваа конференција:
- Образовни можности
Без оглед на тоа колку сте искусни во вашиот бизнис, секогаш можете да научите некои дополнителни работи. Со работење без изложеност на различни гледишта, лесно можете да ги пропуштите новите идеи и трендови кои што можат да влијаат на вашите идни резултати. Едукативниот аспект на конференцијата пак, може да ве изложи на нови начини на водење на вашата деловна активност и да ви помогне да откриете како да бидете попродуктивни.
- Вмрежување
Конференциите претставуваат одлична можност за вмрежување и поврзување со соработниците од земјата и надвор. Честопати, конкурентите од други региони во државата, можат да станат вредни ресурси за препораки и најдобри практики. Избегнувањето на соработиците од страв другите да не ја откријат вашата конкурентска предност, всушност можат да го ограничат вашиот сопствен успех. Иако има и такви, чии намери можат да бидат сомнителни, најголем дел од посетителите на конфренциите се среќаваат за да си помагаат едни на други, да откриваат идеи и да поттикнат развој на соработката кога ќе се запознаат на лично ниво.
- Среќавање на нови добавувачи
Премногу често луѓето се срамат од expo салата со изложбени штандови на конференциите. Тие се плашат дека ќе мора да разговараат со луѓето зад штандовите, не размислувајќи дека тие се некои од најзначајните луѓе кои што треба да ги запознаат, доколку сакаат да дознаат повеќе за тековната деловна клима. Откривањето на иновативни производи и услуги за вашиот бизнис е неопходно за да останете конкурентни во денешниот свет што бргу се развива и менува. Дополнително, овие добавувачи кои што продаваат производи или услуги во вашата индустрија, комплетно разбираат што се случува кај вашата конкуренција. Инвестирајте време за разговор со нив и претворете ги во ваши пријатели и сојузници.
- Можност да се позиционирате како експерт во својата област
Кога сте активни во вашата област, можете да развиете репутација како експерт пред своите соработници и клиенти. Оние што се доволно долго во една индустрија, честопати се барани за да зборуваат на настани и да пишуваат статии за своите достигнувања во индустријата. А кој не сака да се дружи со експерти во која било индустрија? И клиентите ќе се чувствуваат добро, доколку знаат дека најмиле некој кој е инспирација за своите соработници. Но, ако вашата стратегија е да бидете најдобро чуваната тајна во вашата деловна заедница, ќе пропуштите многу значајни можности.
- Забава
Конференциите можат да додадат доза на задоволство во вашиот кариерен развој, преку додавање на социјален аспект во напорите за учење и позиционирање во индустријата. Многу конференции имаат забавни активности, како што се коктел забави или обиколки на локалното подрачје од каде што е домаќинот на настанот. Планирањето на дополнителен ден на почетокот или крајот на патувањето за истражување на местото или посета на пријатели во регионот е одличен начин да се зголеми вредноста на инвестицијата за конференцијата. Никогаш не ја потценувајте моќта на малку забава помешана со многу интересни луѓе.
Конференциите во денешно време се поважни од кога било. Па така, вредноста на конференциите доаѓа пред сè од релациите кои настануваат помеѓу луѓето. Честопати посетителите сметаат дека неформалните „разговори во ходникот“ што ги прават со другите присутни на конференциите, се едни од најзначајните причини за присуство на некој настан. Иако овие разговори не се дел од официјалната агенда и не се споменати во панел дискусиите, кога двајца или повеќе луѓе започнуваат да дискутираат за биснис теми на лично ниво, успехот на настанот за вклучените страни станува незаменлив. Токму тие луѓе се оние кои што прават поврат на својата инвестицијата (ROI) за времето поминато на конференцијата.