Mаркетинг агенцијата и центарот за визуелна комуникација Ефектива го проширува својот креативен тим во Скопје.
Позиција: Специјалист за дигитален маркетинг
Главен критериум е да биде позитивен/позитивна и насмеан/а и да внесе нова енергија во тимот.
Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат:
-Одлични вештини за креативно пишување
-Искуство во водење страници на социјални мрежи (Facebook, LinkedIn, Twitter, Instagram)
-Планирање, осмислување и управување кампањи за дигитален маркетинг
-Search engine optimization (SEO) и Google Ad
-Email маркетинг
-Анализирање и подготвување извештаи
-Одлична писмена и вербална комуникација
Што ние нудиме?
-Можност за напредок, усовршување и колеги кои сакаат да го споделат своето знаење и долгогодишно искуство
-Кул колеги и еден куп заеднички активности, корпоративни обуки и тренинзи
-Одлични услови за работа во опуштена работна средина
Πлатата ќе биде утврдена во согласност со искуството и компетенциите на кандидатот
Како да аплицирате?
Испратете кусо CV и мотивациско писмо (најмногу 500 зборови) на office@effectiva.com.mk
Апликациите ќе се разгледуваат во целосна тајност и дискреција.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесниот избор.