Холивудскиот глумец Самуел Л.Џексон и други познати личности ќе им го позајмат гласот на дигиталниот асистент на Амазон – Алекса, што ќе биде една од новите можности за привлекување на нови корисници.
Најавата за нова линија на гласовно контролирани ехо звучници и новите опции за заштита на приватноста ги покажуваат сериозните намери на Амазон во областа на уредите што се контролираат од глас, каде има конкуренција во асистенот на Google и „Сири“ на Apple.
Опцијата на „Амазон“ за гласови од познатите личности ќе чини 0,99 долари, изјави потпретседателот на компанијата Дејвид Лимп.
Уште откако Amazon ги најави своите ехо звучници во 2014 година, корисниците купиле повеќе од 100 милиони уреди кои доаѓаат заедно со Alexa, вклучувајќи микробранови печки, правосмукалки, па дури и автомобили.
Со тоа, Амазон се стекна со најголем удел на пазарот.