Конференцијата Web Summit која ќе се одржи оваа година од 4 до 7 ноември 2019 година во Лисабон, ќе собере голем број предавачи од светот на технолошката индустрија.
Најавено е доаѓањето на Маргарет Вестагер, европски повереник за пазарно натпреварување, која се враќа на Web Summit откако во 2017 година одржа излагање за монополот на големите технолошки компании како Гугл и Епл.
Веќе долги години, Web Summit работи на промена на родовиот паритет на своите настани, како и на зајакнување на жените ширум светот преку култивирање на можности за мрежно поврзување, менторски програми и генерално, зголемување на родовата разновидност и видливост на жените во технолошката индустрија, така што оваа година испраќаат најголем број покани (дури 20.000) за учество на жените на сите настани во рамките на конференцијата. Заедно со Маргарет Вестагер, оваа година доаѓаат и Кетрин Махер, извршен директор на Википедија, Кејт Брандт, главна директорка за одржување во Google, Џилијан Танс, претседател на одборот на Booking.com и многу други.
На нив ќе им се придружат повеќе од 900 говорници, меѓу кои и Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија и претседател на извршниот одбор на Институтот за глобални промени, Џејден Смит, син на Вил Смит и основач на JUST Water, Владимир Кличко, поранешен професионален боксер и основач Klitschko Ventures, Гуо Пинг, претседател на Huawei, Едвард Сноуден, претседател на Фондацијата „Слобода на печатот“ и многу други лица на технолошката индустрија.
За Web Summit
Според „Форбс“,Web Summit е „најдобрата технолошка конференција во светот“, Политико ја нарекува „Олимпијада на технологија“, а Гардијан „Гластонбери за гикови“.
Како и да го дефинирате, Web Summit, со помош на неверојатен тим од речиси 200 инженери, научници за податоци, дизајнери, продуценти, огласувачи и продавачи, ги сруши рамките на старомодната индустрија со создавање неверојатен софтвер и организирање спектакуларни настани. Со својата работа, од корен го промени светот околу себе со спојување талентирани луѓе и иновативни идеи.
Повеќе информации за Web Summit можете да пронајдете за линкот: www.websummit.com.