Најголемиот број од кампањите за брза храна го прославуваат првиот залак од вкусен сендвич и потоа преминуваат кон логото, но новата кампања на Burger King се фокусира на временски спротивната страна од оброкот: дремката после обилен оброк.
Кампањата „Кома после јадење“ („Food Coma“), создадена од независната агенција We Believers, беше лансирана во Мексико, но наскоро ќе се појави и на пазарите во САД, Латинска Америка и Европа.
Основачот и генерален креативен директор на We Believers, Густаво Лауриа, истакнува дека концептот бил зачнат кога еден менаџер на ресторан им кажал дека потрошувачите сакаат да си дремнат после оброк. Притоа, колку поголем бил оброкот, толку поверојатна била дремката.
Тргнувајќи од оваа идеја, агенцијата ангажирала фотограф кој поминал еден месец низ различни Burger King локации ширум Мексико, сликајќи вистински потрошувачи кои задремале во рестораните. Овие слики потоа биле претворени во реклами, кои специфично го промовираат сендвичот “King’s Collection” – најголемиот сендвич во менито на Burger King.
Кампањата вклучува принт, out-of-home и онлајн активности.