Организацијата Lisbon Awards Group, одговорна за настани како Лисабонскиот меѓународен адвертајзинг фестивал, Лусофоните креативни награди и Лисабонскиот маркетинг самит, со големо задоволство соопшти дека ќе додаде уште еден настан кон таа листа – Лисабонските ПР награди (Lisbon PR Awards), маѓународни награди со глобален импакт, посветени исклучиво на сферата на односите со јавноста.
Генералениот извршен директор на Lisbon Awards Group, Ана Фирмо Фереиро, истакна: „Во изминатите 7 години секој ден работевме со главна цел да го наградиме она што е најдобро во светот на бренд-креативноста – сега е времe за еден нов проект, овој пат фокусиран на современиот, стимулирачки и интересен свет на односите со јавноста. Ги создадовме овие награди со цел да додадеме дополнителна вредност кон ПР пазарот, поради што ги зедовме во предвид сите можни детали за да можеме да го обединиме комуникацискиот свет во овој сон кој сега се претвори во реалност.“
Како што е случајот и со останатите награди организирни од Групацијата, Лисабонските ПР награди ќе имаат меѓународно жири, поделено на Големо жири и Извршно жири. Првата група ќе гласа онлајн, составувајќи листа од потесен избор, по што Извршното жири во Лисабон на 13 јануари ќе ги избере победниците. Сите главни категории се засебни области во комуникациите и се создадени да соодветствуваат на задачите на ПР агенциите, вклучувајќи ги комуникациските консултанти, брендовите и адвертајзинг агенциите кои работат и во овој сектор. Со оглед на тоа што се работи за награди од меѓународен вид, можат да се пријавуваат проекти од целиот свет.
Рокот за пријавување на проекти трае до 6 декември, а оние кои ќе се пријават до 31 октомври ќе добијат 25% попуст на цената за учество.
Наградната церемонија ќе се одржи на 15 јануари 2020 година во Лисабон, а ќе биде проследена со коференции и дебатни панели заедно со членовите на Извршното жири.