Кинеските новинари наскоро ќе полагаат тест кој го оценува нивното разбирање на социјалистичките погледи на претседателот Си Џипинг за да добијат или да ја обноват новинарската акредитација, пишува Репортери без граници. Тестот, чии детали се објавени преку WeChat, најпопуларната кинеска апликација за разменување на пораки, ќе се прави преку Study Xi, Strong Nation, смартфон апликација која е лансирана во јануари оваа година со цел ширење на претседателската пропаганда.
Седрик Алвиани, шеф на канцаларијата на Репортери без граници за Источна Азија, вели дека тестот очигледно сака да ги преплаши новинарите и да ја задуши критиката и дека се повеќе потсетува на мерките на Северна Кореја, каде што новинарите се приморани да бидат ченови на партијата и постојат само за да им служат на државната пропаганда на Ким Јонг Ун.
Пробниот тест ќе започне во октомври и ќе вклучува 10.000 новинари од 14 државни медиуми. Тестот ќе се состои од пет поглавја вклучувајќи ги учењата од Си Џипинг и марксистичко новинарство. За да го положат тестот новинарите ќе треба да добијат од 80 до 120 поени, а испитот ќе можат да го полагаат само еднаш.
Откако дојде на валаст, претседателот Си Џипинг ги стави државните и приватните медиуми под поголем надзор и ја зголеми цензурата на интернет. Повеќе од 115 професионални новинари моментално се наоѓаат во затвор во Кина, која според индексот на слобода на медиуми на Репортери без граници се наоѓа на 177 место од 180 земји, само две места пред Северна Кореја.