Првата дама на САД Меланија Трамп, ги повика компаниите да престанат да им рекламираат електронски цигари на децата, наведувајќи дека тие се опасни и дека предизвикуваат зависност.
Првата дама, која го има 13-годишниот син, Барон, рече дека тинејџерите и младите треба да бидат охрабрени да признаат дека развиле зависност – што вклучува електронски цигари – и да побараат помош.
Таа додаде: „Рекламирањето на овие производи кои предизвикуваат зависност кај децата мора да престане“.
Меланија Трамп зборуваше на собирот на американската Агенција за борба против наркотици (ДЕА) во Вашингтон за поддршка на пораките против наркотици пред почетокот на „Недела без дроги“, која започнува на 23 октомври.
Најголемиот американски производител на е-цигари, Џул, најави дека ќе престане да рекламира е-цигари во САД.
Претседателот Доналд Трамп во септември објави дека САД ќе забранат илјадници вкусови што се користат во електронските цигари.