Откако Ebay, Visa и Mastercard ја повлекоа поддршката за Libra, Фејсбук се соочува со уште еден предизвик во врска со оваа криптовалута. Компанијата за мобилно банкарство Current го тужи Фејсбук поради многу слично лого кое го избраа за Libra. Технолошкиот гигант ја претстави Calibra како криптовалута, но и екосистем што ќе опфаќа партнерски компании.
Во поднесената тужба, компанијата Current тврди дека логото на Calibra не е само слично, туку и речиси идентично со нивното лого, што може да доведе до забуна и проблеми со идентификувањето на нивниот бренд.
Интересно е што и двете логоа се дизајнирани од истата компанија (Character од Сан Франциско). Current исто така поднесе тужба и против оваа компанија. Засега не е јасно како и зошто тоа се случило, но логото на Current беше објавено на 26 јуни, само неколку дена пред да е претставена Calibra.
Извршниот извршен директор на Current, Стјуарт Соп, ја увиде сличноста во логоата веднаш по претставувањето на Calibra. Тој изјави дека компанијата претходно работела со Character шест месеци на развој на логото и дека не е фер една компанија која ги има сите ресурси на светот, да користи туѓ дизајн за своите производи.