(РЕГИОН) – Интернационалната Адвертајзинг Асоцијација (IAA), меѓународно здружение кое ги обединува претставниците на огласувачите, маркетинг агенциите и медиумите, во средината на февруари започна со глобална кампања со која на потрошувачите и релевантните владини институции сака да им укаже на значењето кое огласувањето го има за глобалната економија.
Во регинот, оваа кампања засега е започната само во Србија кога вчера беа лансирани првите сити лајтови низ белградските улици.
Во склоп на кампањата, ИАА и агенцијата GfK спроведуваат истражување за имиџот на маркетинг професијата, а резултатите ќе бидат презентирани на меѓународниот фестивал “The Cup” кој овој месец од 13 до 17 ќе се оддржува во Белград.
“Огласување. Твое право да избереш“ е основната порака на кампањара која IAA ја покрена со намера да ја истакне користта која ја носи огласувањето. Кампањата укажува на фактот дека огласувањето создава и охрабрува конкуренција, поддржува иновација на производите и отвара нови работни места.
Извор: Маркетинг Мрежа