Кампањата „Ne odručem se“ на агенцијата McCann Beograd, реализирана во соработка со агенцијата UM Beograd, ја освои наградата The Best of Genius Loci („Локален дух“) и три сребрени награди на фестивалот Golden Drum во Порторож, Словенија. Наградата The Best of Genius Loci се доделува на кампања со најкарактеристичен локален дух кој ги истакнува и слави различните култури. Трите сребени нагарди беа освоени во категориите: Creative use of Media, Public & Community Relations (Engagement) и Non-profit social good (Social good). Како најуспешна агенција во овој регион, McCann Beograd ја доби наградата Golden Drum Adriatic, што имаше значаен придонес кон вкупниот успех на агенциската мрежа McCann Worldgroup, која четврта година по ред е прогласена за најуспешна агенциска мрежа на фестивалот Golden Drum.
„Креативноста е сржта на нашата работа. Наградите не претставуваат само сатисфакција за добро реализирани проекти, туку и своевидна долгорочна инвестиција во растот на работните резултати на нашата агенција. Многу сме задоволни со успехот на Golden Drum, најважниот фестивал во Централна и Источна Европа. Им се заблагодаруваме на нашите партнери, храбри брендови кои ја имаат силата да поттикнат промени не само во начинот на комуникацијата, туку и во општеството. Горда сум на тимовите во нашата агенција, на сите наши финалисти, трите сребрени и две престижни награди – The Best of Genius Loci и Golden Drum Adriatic, како и на придонесот на McCann Beograda во наградата за најдобра агенциска мрежа на годината која ја освои McCann Worldgroup,“ истакна Јелена Јазиќ, директор на агенцијата McCann Beograd.
Малите огласи во дневниот печат со кои родители не се откажуваат од своите деца поради нивните сексуални ориентации и родов идентитет, побудија интерес во јавноста и тоа не само во Србија, туку и во целиот регион. Малите огласи беа напишани од самите родители во рамки на кампањата која за здружението „Da se zna” ја создаде McCann Beograd со поддршка на UM Beograd, а ја поддржаа и бројни јавни личности, организации, како и граѓани.
„Одржливата креативност во фокус ги става кампањите кои вршат одредено влијани врз општеството и поттикнуваат разговори околу важни теми. Кампањата „Ne odričem se“ успеа токму во тоа! Ја обедини јавноста во Србија во поддршка на LGBT+ заедницата, ја покажа моќта на креативното планирање на медиумите, а со својата моќ ги надмина и границите на една држава. McCann Beograd веќе петта година по ред освојува награди на фестивалот Golden Drum. Овој континуитет, како и овогодинешното Grand Prix, претставуваат потврда за нашата страст и посветеност кон проектите и нашите клиенти,“ истакна Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на агенцијата McCann Beograd.
„Во текот на повеќемесечната работа на кампањата сите во агенција поминавме нив вистински ролеркостер на емоции. Многу сме среќни што општата јавност и индустријата ги препознаа емоциите, енергијата и трудот кој го вложивме во проектот #neodricemse! Успехот на Golden Dram ни дава ветар во грб да продолжиме да се бориме не само за универзалните вредности, како што се љубовта и слободата, како и за храбри идеи. Благодарни сме на тоа!“ – изјави по повод наградата Јована Милошевиќ, Senior Copywriter во агенцијата McCann Beograd.
Кампањата „Ne odričem se“ освои три сребрени награди во категориите Creative use of Media, Public & Community Relations (Engagement), и Non-profit social good (Social good).
„Голема е честа и задоволството да се работи на еден ваков проект да преку „запоставен“ медиум како дневниот печат остваривме голем одек на кампањата, кој имаше големо влијание на сите останати канали и медиуми благодарние на, пред сѐ, добрата идеја и креатива. Би сакала да има повеќе вакви проекти, каде низ синергијата на идеја и добра медиумска поддршка, пораката се испраќа на правилен начин,“ истакна Ана Ковачевиќ, Account Supervisor во агенцијата UM Beograd.
Покрај кампањата „Ne odričem se“, која влезе во финале во пет категории, во листите на потесен избор влегоа уште две кампањи на агенцијата McCann Beograd: „#StayClean“ (реализирана во соработка со агенцијаѕа Drive и фондацијата Exit) во две категории; и „Beba bira gde“ (реализирана за брендот Rosa) во една категорија.
„Кампањата за Exit откри еден сосем нов агол и поглед на, би реклам, повеќедецениски проблем. Многу сме задоволни со фактот дека оваа кампања скоро никого не го остави рамнодушен и дека како таква влезе во популарната култура преку социјалните мрежи,“ посочи Владимир Чосиќ, извршен креативен директор на агенцијата Drive.
Фестивалот Golden Drum во Порторож е еден од најважните адвертајзинг фестивали во регионот на кој традиционално учествуваат најдобрите светски агенции. Оваа година, фестивалот беше одржан по 26-ти пат, во организација на Словенечката огласувачка комора (SOZ). На фестивало учествуваа 21 агенциска мрежа и 208 агенции од 26 држави.