Кока Кола ги воведе првите шишиња направени од рециклиран пластичен отпад од океаните, а во продажба се пуштени и 300 шишиња кои содржат 25% рециклирана пластика собрана од волонтери од 84 плажи во Шпанија и Португалија.
Шишињата се резултат на соработката со компанијата Ioniqa Technologies, која користела технологија за деполимеризација во производниот процес за одвојување на ПЕТ – прозирна термопластична смола, полимер која припаѓа на групата полиестер – во мономери кои овозможуваат пластиката да се произведува како нова.
Според соопштението од кампанијата Кока Кола, овој процес на рециклирање би требало да се прошири за да се овозможи преработка на пластиката која претходно била непогодна за тоа, како и онаа со лош квалитет, а компанијата планира да го зголеми процентот на рециклирана пластика до 2020 година во производството на своите шишиња.
Влијанието на овој вид рециклирање треба да се почувствува на глобално ниво, затоа што на тој начин ќе се намали бројот на пластични производи за еднократна употреба, како и количината на пластика која е погодна за рециклирање. На овај начин, терминот „пластика за еднократна употреба“ може да стане излишен во одреден момент, како во работењето на Кока Кола, така и воопшто, а се очекува оваа компанија да стане прва која своите производи ќе ги пакува во амбалажа од рециклиран пластичен отпад.