Со цел да креира долгорочно и одржливо решение за заштита на животната средина и намалување на штетното влијание на пластичните кеси врз околината, компанијата dm одлучи целосно да ги повлече од продажба пластичните кеси за една употреба.
Од денес стапува на сила оваа одлука во сите dm дрогерии во Македонија, при што компанијата ќе продолжи да им нуди еколошки алтернативни решенија на купувачите за транспорт на купените производи како што се: хартиени кеси, повеќекратни ПВЦ торби и трајни dm памучни торби.
Со повлекувањето на пластичните кеси од употреба, dm стана првата компанија во земјава која презеде ваков конкретен чекор за заштита на животната средина во која делува. Како што истакнуваат од компанијата, оваа одлука е дел од општиот стратешки правец на dm како компанија која настојува во сите сегменти на своето работење да делува општествено одговорно. Оттука со ваквиот чекор, компанијата сака да ги мотивира своите потрошувачи при пазарувањето да користат сопствени повеќекратни торби, наместо еднократни пластични кеси, со цел промоција на одржлив начин на живот.
Од 1 октомври 2015 година, компанијата dm е прва на пазарот која им понуди на потрошувачите еколошко прифатливо решение за транспорт на набавените производи, како што е dm трајната памучна торба. Со купување на оваа торба потрошувачите добиваат доживотна гаранција за истата, која подразбира дека доколку торбата се оштети или искине, истата ќе можат бесплатно да ја заменат со нова во било која dm дрогерија.
Со одлуката целосно да ги повлечат кесите од продажба, компанијата настојува позитивно да влијае на еколошко одговорно однесување на купувачите, но и да делува како пример во својата заедница, со цел да ја зачува за идните генерации.
Експертите посочуваат дека пластичните кесите не се во потполност био разградливи, туку се разградуваат на ситни парчиња кои содржат токсични супстанци. Овие токсини ги загадуваат почвите и водата, со што директно влијаат врз синџирот на исхрана за разновидни животни.