ОНЕ телекомуникациски услуги преку својот портал ON.NET.MK објави дека од 01.05.2014 година ќе ја укине blog.mk платформата.
Ова значи дека згаснува единствената македонска бесплатна блог платформа која своевремено беше огромно револуционерно парче од развојот на интернет просторот во Македонија, местото на кое стотици граѓани имаа можност без никакви трошоци да влезат во интернет светот и со својата публика да ги споделат своите мисли, коментари и информации.
Блоговите кои во моментов функционираат на blog.mk, како што се вели во известувањето, својата архива треба да си ја преземат најдоцна до 30.04.2014 година.
Своевремено и Маркетинг365 ги направи своите пионерски почетоци на blog.mk платформата за прв пат пласирајки ја во етер идејата за медиум кој ќе ја афирмира маркетинг и ПР сцената во Македонија.