Отворени early bird пријавите по цена од 500 HRK
Четвртото издание на ДИАБЛОГ, конференција која се знаимава со блогери, инфлуенсери и креатори на содржини, оваа година ќе се одржи во Kaptol Boutique Cinema во Загреб, во среда, 20 ноември.
Главната тема на годинешниот ДИАБЛОГ – Влијанието како бизнис, се занимава со искуствата на инфлуенсерите и блогерите во претприемништво, медиумскиот бизнис и социјално ангажираните проекти, а за прв пат ќе се вклучат и бизнис лидери како инфлуенсери, односно ќе се навлезе во доменот на Employer Brending.
На оваа тема, предавање ќе одржи Јелена Јелушиќ, Employer Branding Manager во А1, која преку неколку конкретни примери ќе објасни како и зошто А1 ги ангажира своите вработени како инфлуенсери.
Никола Столик, основач и директор на меѓународната платформа за е-спорт – Good Game Global, која вешто ги спојува Employer Branding, gaming и team building, ќе зборува за феноменот на е-спорт и влијанието кое оваа индустрија го има врз милиони луѓе низ целиот свет.
За четвртото издание на ДИАБЛОГ, преку системот на Ентрио се отворени раните пријави по цена од 500 HRK, а сите новости можат да се следат на веб-страницата www.diablog.hr, како и на страниците на ДИАБЛОГ на Фејсбук и Инстаграм.