Водечкиот британски неделник за огласувачката индустрија – Campaign, често нарекуван и како “Bible of British adland“ во рамки на своето издание кое излезе на 10 Април, ја објави публикацијата “The World’s Leading Independent Agencies 2014“ во која оддаваат почит на најдобрите 17 независни агенции во светот за 2014 година.
Единствена агенција од регионот која е дел од оваа листа на 17 најдобри независни агенции за минатата година е хрватската Bruketa&Žinić OM која се најде во престижното друштво на Atomic London, 180 China, Peralta Sao Paulo, јапонската Mori Inc., шведската Stendahls и др.
Целата листа на најдобри независни агенции во светот според Campaign, можете да ја погледнете во специјално изработениот веб сајт : http://www.leadingindependents.com/