(РЕГИОН) – Хрватската Агенција Senor , за својот клиент “Храбри Телефон“ (советодавна линија која нуди помош и поддршка на злоставувани деца), реализираше едноставна и многу ефективна кампања со само еден билборд, која предизвика внимание во хрватските и регионалните медиуми и многу позитивни коментари од маркетинг колегите.
Предизвик:
Злоставувањето на деца се случува секојдневно, често и пред очите на набљудувачите. За жал, и со сведоци, често поминува непријавено. Иако злоставувањето е препознато како друштвено неприфатливо, од разно-разни причини (страв од злоставувачот, линија на помал отпор, “не е мој проблем“), сведоците често ја вртат својата глава. Токму тие се целта на оваа кампања, со која агенцијата Senor, сака да ги опомени дека не чинењето ништо е речиси исто штетно како и соучествување.
Решение:
Како што велат од Senor, убавите кампањи помагаат, но луѓето понекогаш треба и да…… се просветлат.
Со едноставна интервенција на класичен медиум, со помош на светло со сензор, минувачите се ставени во улога на соучесници и соочени со последиците на игнорирање на проблемот: Ако само набљудуваш, исто како да злоставуваш !
погледнете:
Креативен директор и копирајтер: Вања Блуменшајн
Акаунт директор: Ива Калигариќ
Дизајн: Имелда Рамовиќ / Ивана Рубељ