Најголемиот меѓународен фестивал на креативноста Cannes Lions ги објави првите информации за следното издание на фестивалот во 2020 година преку соопштение за темите на кои ќе бидат фокусирани содржините на фестивалот и за воведувањето на новата награда за Creative Business Transformation. Новите елементи на меѓунардниот фестивал на креативноста Cannes Lions, кој ќе се одржи од 22 до 26 јуни 2020 година, биле развиени после широки консултации и темелни истражувања со глобалната професионална заедница за брендирани комуникации.
Организацијата на Cannes Lions добила фидбек од преку 1500 посетители и спровеле 100 темелни интервјуа со водечки маркетинг и кретивни деректори, бренд лидери, стратези и генерални директори во однос на осумте теми за новото издание на фестивалот. Секоја од темите е оформена околу најактуелните сфери на брендираниот маркетинг и комуникации и Фестивалот ги поканува професионалците од индустријата да аплицираат за можноста да говорат на фестивалската сцена и да ги пријават своите проекти.
„Како одговор на потребите на индустријата, темите на новото издание на Cannes Lions ќе ја постават глобалната агенда за индустријата и ќе ни помогнат на сите нас да навигираме во текот на претстојната година. Со нетрпение очекуваме да проследиме разновидна група на говорници-експерти од сите области на креативните и културните дисциплини. Нашата заедница присуствува на Фестивалот со цел да учи од најдобрите практики, да создава вредни конекции и да преземе алатки и техники кои ќе го забрзаат развојот на нивниот бизнис и лични перформанси преку ослободувањето на нивниот креативен потенцијал,“ истакнува Симон Кук, менаџинг-директор на Cannes Lions.
Темите за Cannes Lions 2020 се:
- Креативноста е моторот во растот на бизнисот – ја истражува улогата на маркетерите во дефинирањето на тоа како креативноста може да ги поддржува краткорочните активноти и долгорочната благосостојба на бизнисот и зголемување на своето влијание во рамки на управниот одбор.
- Креативно нарушување во трговијата – патокази од брендовите и трговците кои воведуваат пионерски форми на трговија (cashless, omnichannel, immersive) и промовирањето на подобри искуства за купувачите.
- Пост-цел: Одговорност и активиам на брендовите – светски најголемите брендови и агенции ќе дискутираат за нивното учество во решавањето на глобални критични прашања, од климатски промени до нееднаквост.
- Вашиот бренд е мое искуство – брендовите и искуството се меѓусебно поврзани. Брендовите ќе дискутираат за тоа како експериментираат со потрошувачкото искуство и го подобруваат „патувањето“ на потрошувачите преку лесни интеракции.
- Гледајќи кон 2030: Подготвуввање на вашиот бизнис за иднината – во ера во која константно учиме, експериментираме и ја создаваме иднината, ги истражуваме новите потребни вештини и начинот како да се стекнеме и да го здржиме светски најдобриот креативен и технолошки талент.
- Применета креативност: Кога податоците, технологијата и идеите се судираат – експертите ќе споделат примери за тоа како да се применат податоците и технологијата во привлекувањето на публиката, а брендовите ќе демонстрираат како ја ползуваат технологијата за да создадат трајни емоционални конекции.
- Раскажување приказни во обем – говорниците ќе ги истражуваат новите креативни димензии во раскажувањето на приказни, преку низа на платформи и формати, со цел привлекување на внимание и ангажирање во прашањата кои се важни, ставајќи ја културната релевантност во преден план.
- Враќање кон Брендот – осврт врз тоа како креативноста може да помогне во намалувањето на тековната опсесија со кликови и импресии и наместо тоа да се фокусира на градењето брендови и долгорочното „здравје“ на брендовите.
„Зборувавме со повеќе од стотина од најбрилијантните умови во индустријата со цел да ги откриеме вистинските предизвици со кои се соочуваат нивните бизниси. Осумте теми ги истражуваат клучните грижи и можности за брендираниот маркетинг и комуникции и со нетрпение ги очекуваме светските лидери на идустријата да ги споделат своите перспекти на фестивалската сцена следниот јуни,“ изјави Шарлот Вилијамс, потпретседател за содржини на Cannes Lions.
Новата награда Creative Business Transformation Lions се воведува како одговор на дигиталното нарушување кое влијае врз брендовите и бизнисите кои работат во денешната економија водена од искуствата. Оваа награда ќе ги слави креативноста и трансформативниот пристап во работењето, користењето на технологијата и дизајнот на бизнисите, како и начинот на кој потрошувачите ги доживуваат брендовите преку производи, услуги или нови потфати. Проектите кои ќе бидат наградени во оваа категорија ќе треба да демонстрираат како фундаменталните промени на основните бизнис функции резултирале со ефективност, создавање на подобри резултати кај потрошувачите и поттиканле долгорочен одржлив развој. Креативната бизнис трансформција се наоѓа во пресекот на иксуството, целта и иновациите и оваа награда ќе се доделува на брендови и бизниси кои решаваат деловни предизвици преку трансформација.
„Континуирано ги еволуираме наградите во согласност во развојот на индустријата, а новата награда Creative Business Transformation ќе ја слави креативноста која поттикнува конкретни промени во бизнисот. Очекуваме да бидат пријавени проекти од in-house и агенциски тимови кои работат во сферите на консултантските услуги, дизајнот на искуства, креативите иновации, технологијата и дигиталните трансформации. Брендовите сега се градат преку корисничкото искуство и постои сé поголем фокус врз создавањето на значајни искуства за потрошувачите во сите сектори и региони на светот,“ посочи Сузи Вокер, директор за награди во Cannes Lions.
Фестивалот исто така ја „освежи“ наградната категорија PR Lions со цел прецизно да ја отсликуваат актуелната состојба со индустријата за односи со јавноста. Од Cannes Lions спровеле истражување меѓу ПР специјалисти од целиот свет со цел подобро да ги разберат уникатните предизвици и перспективи со цел наградите да ги отсликуваат оние сфери на креативна работа по која индустријата сака да биде препозанта денес.
Сите промени кон наградните категории ќе бидат достапни на официјалниот веб-сајт на Cannes Lions почнувајќи од ноември. Конкурсот за пријавување на кампањи за наградите ќе биде отворен на 16 јануари 2020 година. Повикот за пријавување на говорници е веќе отворен и ќе трае до 10 јануари 2020 година. Делегатските влезници за фестивалот се веќе достапни за купување на canneslions.com.