Од над 5,500 пријавени кампањи од целиот свет за овогодинешното издание на најголемите светски награди од областа на односите со јавноста SABRE Awards во организација на The Holmes Report, експертското жири избра 40 кампањи кои беа наградени за време на главната церемонија на SABRE Awards во рамки на настанот PRevoke19 кој се одржа од 21 до 23 октомври во Вашингтон, САД.
SABRE Awards привлекуваат преку 5,500 пријавени кампањи од повеќе од 60 држави ширум светот поделени по регионите „Америка“, „Европа, Блиски Исток и Африка“, „Латинска Америка“ и „Азија-Пацифик“, така што наградените проекти ја претставуваат елитата и најдобрите практики во различни категории – од социјални медиуми, преку општествена одговорност, па сé до комуникации со вработените.
Во продолжение следуваат 10 најдобри наградени кампањи, додека пак целосната листа на 40 наградени кампањи можете да ја погледнете на следниот линк.
1 – “Every Baby is a Gerber Baby: Sparking a Global Conversation on Inclusion” на брендот Gerber и агенцијата Edible.
2 – “Protect her Wings!” на брендот MSD Romania и агенцијата Rogalski Damaschin Public Relations.
3 – “#CoverTheProgress” на брендот Discover Puerto Rico и агенцијата Ketchum.
4 – “The cUUpcakes” на брендот Roche Hong Kong Limited и агенцијата DNA Medical Communications.
5 – “#RepresentLove” на брендот Tinder и агенцијата M Booth.
6 – “Fighting Financial Exclusion in Brazil” на брендот Airfox и агенцијата Sherlock Communications.
7 – “Pu:rest – A Waste Water Beer” на брендот Carlsberg Sweden со IVL Swedish Environmental Institute и New Carnegie Brewery и агенцијата BCW Stockholm.
8 – “The Global Four-Day Movement” на брендот Perpetual Guardian и агенцијата Alexander PR.
This company tested out a 4-day workweek and the results were amazing.Check out ATTN: on Instagram: https://attn.link/2Nsj9eG
Gepostet von ATTN: am Donnerstag, 30. August 2018
9 – “The Oh Henry! 4:25 Bar Launch” на брендот The Hershey Company со агенциите UM, Mint, Reprise и Anomaly.
10 – “Big Mac 50th Anniversary” на брендот McDonald’s со агенциите Golin, The Marketing Store, Design by Disruption, Osborne Coinage и Moving Picture Company.